Кинеска мисија откри минерал богат со вода на Месечината

popara9 август, 20241min00

Водата постои на Месечината, а научниците сега потврдија каде може да се крие повеќе од неа. Откриено е дека минералот во лунарната почва кој беше собран од мисијата „Chang’e 5“ и пренесен на Земјата содржи големо количество вода, дури 41 отсто од неговата тежина.

Сличен е на минералот новограбеновит, кој неодамна беше откриен во базалтните карпи на полуостровот Камчатка. И двете форми, онаа од Месечината и онаа од Земјата, имаат хемиска формула (NH4)MgCl3·6H2O и имаат слична кристална структура, пренесува rts.rs.

Со оглед на тоа што неограбеновитот може да се проучува на Земјата, откривањето на речиси идентичен минерал на Месечината може да донесе нови сознанија за тоа каде се крие лунарната вода и како се формирала таму.

Потеклото, присуството и дистрибуцијата на водата на Месечината засега останува мистерија. Научниците многу би сакале да одговорат на тоа, бидејќи разбирањето на потеклото на влагата на Месечината е важна компонента на историјата на Земјата и Месечината.

Покрај тоа, да се знае каде се наоѓа водата е исто така важно за идните мисии за истражување на Месечината.

Вода беше откриена во постари примероци од Месечината и претходно. Меѓутоа, кога „Chang’e 5“ слета на Месечината во 2020 година, направи големо откритие – вода во карпа. Не е веднаш јасно дали е откриена молекула на вода или молекула на хидроксил, која има по еден водород и еден атом на кислород.
Беа потребни дополнителни анализи, кои мораа да почекаат додека примерокот не се врати на Земјата.

Сега научниците од Кинеската академија на науките спроведоа тестови и благодарение на дифракцијата на кристалот со рендген и хемиската анализа на изотоп, беше утврдено дека реголитот навистина содржи молекули на вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag