Повеќето луѓе користат заштитен фактор кога излегуваат на сонце, но дали тој заштитен фактор што го ставате навистина ве штити? Експертот вели дека постои една грешка што повеќето луѓе ја прават и затоа горат.
д-р. Лоренс Канингам од Велика Британија откри дека многу луѓе се склони на една грешка кога станува збор за примена на заштитен фактор.
– Многумина мислат дека е доволно да се намачка малку ваму-таму, но за да биде целосно делотворно, кремот за сончање треба да се нанесува во изобилство, истакна докторката.
Друга грешка е повторното нанесување на заштитен фактор после пливање во море.
– Кремот за сончање се троши по неколку часа, особено ако пливате или се потите, па затоа повторното нанесување е од суштинско значење за континуирана заштита. Друга честа грешка е занемарувањето на одредени делови од телото, како што се ушите, задниот дел на вратот и врвот на стапалата – нагласи докторката, бидејќи овие места се силно изложени на сонце.
Важен е и изборот на вистинскиот фактор, а се зависи од типот на кожата и периодот на изложување на сонце.
– Заштитниот фактор од 30 е генерално доволен за секојдневните активности каде што може случајно да бидете изложени на сонце. Меѓутоа, ако поминувате долго време надвор, како на плажа или планинарење, се препорачува заштитен фактор од 50 или поголем, вели таа.
Совети за изложување на сонце:
Нанесете крема за сончање со широк спектар со најмалку SPF 30 околу 15-30 минути пред да излезете надвор и повторно нанесувајте на секои два часа или почесто ако пливате или се потите.
Не заборавајте да ги покриете областите што често ги пропуштате како ушите, задниот дел на вратот и горниот дел од стапалата.
Носете заштитна облека, како што се кошули, капи и очила за сонце што штитат од УВ зрачење.
Барање сенка во часовите со најголем интензитет на сонцето, помеѓу 10 и 16 часот.
Останете хидрирани и внимавајте на знаци на прегревање, како што се вртоглавица или гадење.