Не се откажува од бракот: Пред повеќе од 70 илјади луѓе Адел конечно ги потврди среќните вести

popara10 август, 20241min00
m_34862541_1280

Иако веќе некое време се шпекулираше дека е свршена, па дури и се омажила за партнерот Рич Пол (42), Адел (36) конечно на концерт во Минхен открила дека венчавката е планирана. Британската пејачка по неколкумесечни гласини потврди дека по три години врска со американскиот спортски агент ќе се омажи пред повеќе од 70 илјади фанови, па социјалните мрежи беа преплавени со нејзиното признание.

Имено, на прашањето од транспарентот „Ожени се за мене“, Адел одговорила: „Не можам, веќе се мажам“ и со тоа ја потврдила свршувачката. Иако нејзината свршувачка и брачна состојба веќе подолго време се актуелни, The Sun пишува дека парот се свршил само минатиот месец во нејзиниот роден град Тотенхем. Сепак, таа не ја откри информацијата колку време биле свршени.

Двојката е заедно од 2021 година, а своето прво јавно појавување го направија на финалето на НБА во Феникс истата година. Иако често доаѓаат на кошаркарски натпревари, ретко пристигнуваат на други настани заедно, а уште поретко зборуваат за приватниот живот, па интересот на јавноста поради тоа е поголем. Гласините за свршувачка се шират од 2022 година, кога на доделувањето на BRIT наградите пристигна со дијамантски прстен на левата рака. Сепак, таа одби да одговори на бројни прашања. „Како да би му кажала на некого дали сум или не“, рече таа тогаш во шоуто на Греам Нортон.

Во меѓувреме беше фатена како носи прстен со дијамант во облик на круша на раката, но не се знае дали е истиот прстен со кој беше фотографирана на доделувањето пред две години.

Адел беше во брак со Сајмон Конецки, со кого го доби синот Анџело, а раскинаа во 2019 година, по осум години врска и само една година по венчавката. Разводот беше финализиран во 2021 година, а нејзиниот последен албум „30“ – кој беше објавен истата година – беше инспириран од нивната разделба и нејзиниот син.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag