Австралискиот актер Крис Хемсворт на 11 август го прослави својот роденден во друштво на австралискиот олимпиец Овен Рајт.
Иако цел ден врнеше дожд, познатиот актер Крис Хемсворт не дозволи лошото време да му ги расипе плановите да го прослави својот 41 роденден. Денот го помина на плажата во Бајрон Беј, уживајќи во сурфање на ветер и не можеше да замисли подобро друштво да сурфа на брановите од 34-годишниот австралиски олимпиец Овен Рајт, кој освои бронзен медал на Олимпијадата во Токио.
Крис Хемсворт и Овен Рајт одлично се забавувале, а сите што виделе фотографиите од славниот холивудски актер се согласуваат дека тој никогаш не изгледал подобро. Со текот на годините стекнал некаква зрелост и самодоверба што го прави уште попривлечен, а аполонската фигура ја одржува со редовно вежбање, активен живот и разни спортски активности, без кои не може да замисли ниту еден ден.
После тоа,прослави со сопругата, шпанската актерка Елса Патаки, која на 18 јули го прослави својот 48 роденден, со која во декември ќе ја прослави 14-годишнината од бракот.
View this post on Instagram
“Сè имаше смисла со неа од првиот ден. Елса е страсна, забавна и исклучително отворена личност, има смисла за хумор и страсно ужива во животот. Се сметам себеси за привилегиран и благословен што го поминав животот со таква личност”, изјави Крис Хемсворт , кој со сопругата ја доби ќерката Индија во 2012 година, а две години подоцна и близнаците Тристан и Саша.
Сопругата му го честиташе роденденот на својот сакан со порака на Инстаграм, заедно со која објави фотогалерија со најсмешните слики на Крис Хемсворт од семејниот албум. “Среќен роденден на најзабавниот сопруг и тато – некогаш. Животот е навистина убав кога и да се смееме заедно”, напиша таа.
Елса Патаки е родена во Шпанија, а нејзиното полно име е Елса Лафуенте Медијану. Почнала да глуми во театар во Мадрид, а бидејќи течно зборува англиски, португалски, француски и италијански, глумела на сите овие јазици, од Мексико, Португалија, Франција, Велика Британија до Австралија. Во Америка се прослави со улогата во филмскиот серијал „Брзи и бесни“ и непосредно пред да го запознае Крис Хемсворт мислела дека е време да забави, да најде љубов и да основа семејство. Очигледно ѕвездите им биле наклонети бидејќи се познати како еден од најстабилните актерски парови.
Пред девет години тие се преселиле од Лос Анџелес во Австралија, а нивниот дом се наоѓа во близина на Бајрон Беј, крајбрежен град во државата Нов Јужен Велс во близина на омилената плажа за сурфање, каде Крис Хемсворт го поминува секој слободен момент.