Зачините се повеќе се користат во многу јадења, но освен за јадење, можеме да ги користиме и за други намени. На пример, жените во Индија користат куркума за убавина.
Овој зачин може да се најде во бројни медицински препарати за осветлување на кожата, хиперпигментација, темни дамки како и некои други производи, а сето тоа поради здравствените придобивки што ги носи. Во текот на историјата го користеле кралиците и принцезите за да им блескаат лицата, а има и религиозно значење и се смета за божествен зачин и поволен за почеток на секое ново поглавје од животот, особено браковите, пишува „Син нектар“.
Посветла кожа
Куркумата содржи „куркумин“ кој помага да се осветлат лузните, темните дамки и пигментацијата. Ако го користите подолго, можете да го подобрите вашиот тен и да му дадете природен сјај.
Ги намалува темните кругови
Кому деновиве не му пречат темните кругови под очите? Куркумата ја подобрува циркулацијата на крвта, па може автоматски да ги намали темните кругови под очите поради недостатокот на циркулацијата што ни е потребна, а дополнително го намалува и отокот.
Акни, збогум
Поради многуте природни својства, куркумата е ефикасна за намалување на акните и лузните од акни. Акните не се предизвикани само од порите, туку и од бактериите кои ги сметаат за богато „хранење“. Покрај тоа, можете да очекувате забрзано зараснување на раните од акни како и полесно разрешување на лузните.
Добра е за хидратација
Може успешно да ја реши сувоста, како и длабински да ја хидрира кожата. Се претпочита за употреба како пилинг бидејќи помага да се отстранат мртвите клетки. По третманот, кожата може да биде мека и мазна токму поради зголемената хидратација што ја добивате.
Ги намалува раните знаци на стареење
Антиоксидансите во куркумата ги штитат клетките на кожата од оштетување и ги намалуваат брчките и го забавуваат нивниот изглед. Сето ова се случува поради суровите УВ зраци, кои всушност се главната причина за предвремено стареење.
Го намалува опаѓањето на косата
Освен за кожата, има и придобивки за косата. Имено, куркумата го намалува воспалението на скалпот и фоликулите, што може да биде причина за опаѓање на косата. Покрај тоа, исто така може да го стимулира растот на косата и успешно да се ослободи од досадниот првут.