Познатиот рокер се избори со рак на простата и тироидна жлезда, а сега е скршен од воспаление на грлото.
Познатиот рокер Род Стјуарт, кој неодамна ги воодушеви белграѓани, кога пред неговиот спектакуларен концерт во српската престолнина, во опуштен стил се разладуваше на Зелени венац, ја извести јавноста дека повторно има здравствени проблеми, поради што мора да ги одложи своите настапи. Имено, тој на само неколку часа пред настапот во Лас Вегас го откажа, бидејќи го снајде уште еден здравствен проблем. Во емотивната порака до своите фанови, тој изрази длабоко жалење и се извини што не можеше да настапи.
– Повеќето луѓе можат да работат со воспаление на грло, но јас очигледно не. Јас сум апсолутно исцрпен. Со нетрпение го очекував овој концерт толку долго. Длабоко жалам за непријатностите што ги предизвика. За среќа, се враќаме во 2025 година и се надевам дека ќе ве видиме сите таму – вели Стјуард, пишува Експрес.
Инаку, минатиот месец легендарниот пејач призна дека не дозволува стравот од смртта да му го уништи животот во пресрет на неговиот 80-ти роденден. Тој дури еднаш призна дека неговите „денови се избројани“, но дека останува решен да ги живее преостанатите години во потполност.