Ослободете се од мрсните дамки на облеката за брзо време: Овој трик го зафати интернетот, погледнете зошто

popara14 август, 20241min00
Screenshot_3

Вистински хорор е кога ќе видите дека на вашата облека има мрсна дамка. Особено затоа што мрсните дамки воопшто не се перат и остануваат засекогаш на ткаенината. Така оние парчиња облека што добиле мрсни дамки најчесто сметаме дека треба веднаш да ги фрлиме, но дали е тоа така?

 

 

 

Сите имаме некое свое магично решение како да се решиме од мрсните дамки: некои сметаат дека треба да се нанесе детергент за садови, други се колнат дека солта е најдобро решение, трети веруваат во моќта на средствата за отстранување дамки…

 

Една жена сподели видео на ТикТок што наводно ќе ви помогне веднаш да ги отстраните мрсните дамки од облеката. Според неа, овој трик е 100% успешен.

 

Каролина Мек Каули од Перт, Австралија, на својот ТикТок профил споделува домаќински совети од лично искуство.

 

Таа има своја „магична“ мешавина што ѝ помага да се справи со мрсните дамки.

 

За овој метод на отстранување дамки ќе ви биде потребна: сода бикарбона, детергент за перење облека, тоалетна хартија, вода и четка за заби.

 

„На овој начин јас ги отстранувам мрсните дамки од облеката“ – напиша таа до видеото.

 

Начинот е едноставен:

Прво со тоалетна хартија го отстрануваме вишокот масло. Притоа, мошне е важно тоа да го правиме со тапкање, а не се бришење, за да не ја прошириме дамката.

Откако ќе го собереме вишокот мрснотија, на дамката нанесуваме сода бикарбона со лажичка и оставаме околу еден час да се апсорбира.

Потоа во една чаша вода додаваме една чаша детергент за перење облека и ги мешаме.

Со стара чиста четка за заби нежно ја нанесуваме мешавината на дамката на која претходно сме нанеле сода бикарбона.

По ова го ставаме парчето облека на перење во машина.

Според Каролина, облеката би требало да излезе како нова и секако без дамки. Може да пробате, нема што да изгубите ако облеката е веќе уништена.

 

Погледнете го видеото:

@carolina.mccauley

🛢 How to remove Oil Stains from clothing 👚 #laundrytips #laundrymagic #laundrytok #cleantok #selftaught

♬ Mr. Sandman – The Chordettes

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag