Дури и нивните вработени не можат повеќе да ги поднесат: Работниците масовно си даваат отказ од кај Меган и Хари, а еве зошто

popara15 август, 20241min00
Screenshot_7

Меган Маркл и принцот Хари доживеаја „нов удар“ пред овонеделното патување во Колумбија. Сè се случило одеднаш, а Хари имал големи надежи за новиот вработен во нивниот тим.

 

 

 

Имено, новиот шеф на кабинет на Меган Маркл и принцот Хари дал отказ по само три месеци заедничка работа, пред нивната „квази-кралска турнеја“ низ Колумбија, како што ја опишува „Дејли мејл“.

 

„Кога принцот Хари му ја додели улогата на Џош Кетлер, тој почувствува дека е совршен човек кој ќе го води низ неговата следна фаза. Џош Кетлер повеќе не работи за нив“, рекол извор од Калифорнија за „Дејли мејл“.

 

Тој беше со Хари во мај во Лондон на 10-годишнината од игрите „Инвиктус“, а потоа со принцот и Меган на турнеја низ Нигерија.

 

Кетлер, за кој се вели дека е Американец, претходно работел за „Когнишн“, производител на медицинска опрема.

 

Фактот што одеднаш ги оставил сугерира дека тие имаат проблем да ги задржат соработниците. Од 2018 година и свадбата во Виндзор, парот е без 18 вработени, а по Мегзит без девет или повеќе асистенти.

 

„Она што е можеби најгласно е дека за целото време што работев таму, мислам дека не сум слушнал ниту еден сегашен или поранешен вработен да каже дека повторно би ја прифатил работата ако им се даде шанса. Тоа не се работници што само ги наоѓаш на улица“, открил поранешен вработен.

 

Меган имаше проблем да најде и извршен директор за нејзиниот нов бренд, иако се огласи во април.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma