Ако во дворот имате смоква, искористете ги и неговите листови: Еве за што се корисни

popara15 август, 20241min00
image_2024-08-15_095737309

Смоквите се синоним за летните денови, а често ги поврзуваме со море бидејќи најчесто се одгледуваат во Медитеранот. Сепак, тие се се позастапени на континентот, а може да се јадат сирови или да се направат во џем и разни други десерти.

Но, она што многумина не го знаат е дека можете да користите и листови од смоква во готвењето, пишува Крузерот.

Смоквиниот лист инаку е познат како исклучително здрава намирница – помага во спречување на дијабетес, го намалува нивото на триглицериди во крвта, помага при кардиоваскуларни проблеми и може да го намали високиот крвен притисок, а од него можете да направите вкусен сируп.

Сируп од лист на смоква

За да подготвите сируп, најпрво земете две шаки (околу 70 гр.) свежи листови смоква, и задолжително со стеблата, бидејќи тие ќе го подобрат вкусот.

Листовите се мијат, се ставаат во тенџере, се прелива вода така што да ги покрие сите листови во тенџерето и се вари.

Кога водата ќе зоврие и ќе добие жолтеникаво зелена боја, извадете ги листовите од смоква од тенџерето, а во водата ставете кафеав шеќер (ако има литар вода во тенџерето додадете килограм шеќер).

Варете додека не зоврие и добиете густ сируп. Потоа изладете го и истурете го во стаклено шише.

Како да се користи сируп од листови на смоква во готвењето?

Како засладувач со посебен вкус, можете да го користите сирупот бидејќи има многу шеќер, па можете да го додадете во утринското кафе или да го прелиете врз палачинки и сладолед.

Плус, можете да го додадете во овесна каша, јогурт, прелив за салата или коктели – можностите се навистина бесконечни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma