Стресот ви прави пекол од животот? Еве еден бесплатен начин да се опуштите и да го промените животот

popara15 август, 20241min00
676 - 2024-08-15T130811.482

Тајната за борба против стресот можеби е поедноставна отколку што мислите. Толку многу што е доволно да се излезе надвор, велат експертите.

Постојат многу студии кои покажуваат дека да се биде во природа, дури и ако е само седење под дрво секој ден, го намалува нивото на стрес, што потоа може да го намали крвниот притисок, отчукувањата на срцето и стрес хормоните како кортизол.

Не само што поминувањето време во природа може да го намали стресот и депресијата, туку може да ја подобри меморијата и да им помогне на луѓето со нарушување на недостаток на внимание.

– Поминувањето време во природа стимулира добри хормони, допамин и ендорфин – вели Канди Виенс, истражувач од Универзитетот во Пенсилванија, специјализиран за проучување на стрес, издржливост и исцрпеност.

Ендорфините се хемикалии кои се ослободуваат од телото како одговор на болка или стрес, а се ослободуваат и за време на пријатни активности како што се престој во природа, вежбање, секс, смеење, медитација и јадење чоколадо.

Според Виенс, ефектите за намалување на стресот од престојот во природа се случуваат за само 10 минути.

Без разлика дали посетувате градски парк или пешачите во шума, поминувањето време на отворено може да го подобри вашето ментално здравје.

Се повеќе истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти од престојот во природа врз менталното здравје.

Расположението можете да го подигнете само со прошетка во природа, дури и во урбана средина.

Чувството на поврзаност со природниот свет придонесува за среќа дури и кога физички не сте присутни во природата.

Дури и едноставниот чин на гледање видеа од природата може да го намали стресот, според студија од 2023 година, пишува NY Post.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma