Мажите ги открија своите НАЈСИЛНИ ЕРОГЕНСКИ ЗОНИ: Жените не ни помислуваат на овој дел од телото, а камоли да го допрат!

popara17 август, 20241min00
Screenshot_17

Машкото тело е мапа на ерогени зони кои треба само да знаат да се прочитаат. Освен веќе вообичаените потпалувачи на страста, вашиот партнер ќе реагира и на најнежните допири на некои, до сега запоставени делови од телото.

 

 

 

 

Стапала

 

Мажите обожуваат масажа на стапалата. Затоа изненадете ја саканата личност со нежна масажа со која ќе стимулирате разни точки на стапалата. Споед тврдењата од областа на рефлексологијата, петиците содржат точки кои се одговорни за сесуалното задоволство, па никој не треба да ги запостави. Поедини мажи особено ќе се возбудат ако ги ставите нивните стопала на вашите гради.

 

Уши

 

Многу мажи обожуваат кога жената ќе им ги допира ушите. Тие преставуваат често пати заборавен дел од телото, па партнерот сигурно ќе се изненади ако му ја бакнете ушната ресичка. Масажата по должината на ушната школка исто така може да биде сексуален поттик.

 

Пределот зад колената

 

Допирањето на ова место кај повеќето луѓе предизвикува скокот, но кога ќе се загреат работите, подрачјето зад колената може да се претвори во вистинска ерогена зона. Кожата на тоа подрачје е нежна и мека, па со самото тоа и чувствителна на бакнежи и допири. Тоа исто својство го имаат и другите делови на машкото тело кои не се покриени со влакна.

 

Долните стомачни мускули

 

Почнете од папокот, потоа насочете ги движењата надолу. Со стимулација на кожата од овој дел на телото сигурно ќе ја зголемите сексуалната напнатост и ќе го ставите мажот на „слатки маки“. Колку подолго ја градите тензијата, оргазмот ќе биде посилен.

 

Внатрешниот дел од бутовите

 

Кога станува збор за овој дел од телото, можете да го примените истиот рецепт како и кај претходното – натерајте го партнерот да исчекува. Полека милувајте го со врвовите од прстите, од пределот на колената сè до внатрешноста на бутовите, па наназад. Немојте веднаш да ја допирате неговата „жешка зона“, туку испитајте колку долго може да го истрпи вашето поигрување.

 

Очни капаци

 

Освен тоа што кожата на очните капаци е потенка и почувствителна од остатокот на телото, она што го прави овој предел ерогена зона е фактот дека кога на мажот му се затворени очите, жената има потполна контола над него, а тоа многу го возбудува. Клучот е во тоа да се биде нежен – да се допираат капаците со врвовите од прстите и лесно да се бакнуват, без притискање.

 

Врат

 

Допирањето или бакнувањето на вратот може дополнително да ја загрее атмосферата. Особено е чувствителен делот помеѓу вратот и клучната коска, па мажот сигурно нема да одбие ако жената се обиде да го бакне баш тоа место. Најдобро е да се прави комбинација од повеќе работи одеднаш, допирање на вратот со бакнување на ушната ресичка.

 

Чело

 

На прв поглед, челото можеби не делува како ерогена зона, но верувајте може да биде. Врвот на челото, односно таму каде што почнува да расте косата, полн е со нервни завршетоци, па масажата на овие точки сигурно нема да го остави мажот рамнодушен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag