Има една прекрасна фраза: не е важно каде си, туку со кого си! Но, пред да се запрашате дали сте го избрале вистинскиот партнер, треба да знаете што е здрава врска…
Ова се знаци дека сте во здрава врска:
- Никој не игра игри
Ако сте во здрава врска, луѓето се стремат кон компромиси и не се љубоморни. Доколку се појават проблеми во врската – решете ги заедно, не молчете и не ги одложувајте договорите.
- Потребите се јасно изразени
Веднаш кажете му на партнерот што очекувате од врска, брак… Ако мажот не е подготвен за одговорност, тогаш не е за вас.
- Способност да се зборува искрено
Обидете се да бидете што е можно поискрени со партнерот, никој не може да ви ги чита мислите. Комуникацијата не е само важен детал, туку и клучен дел од врската.
- Љубовта се докажува со дела
Забележете ги малите нешта! Љубов е кога маж ти ќе ти свари чај, ќе те покрива навечер, ќе ти ја загрее вечерата… Празните зборови се бескорисни.
- Способност да не се кријат чувствата
Ако сте во можност да ги споделите и добрите и лошите емоции со вашиот партнер, тогаш сте со вистинската личност.
- Чувство на слобода и соработка
Ако не се чувствувате заробени, се развивате и го постигнувате она што сте го сакале со поддршка од партнерот, тогаш сте во здрава врска. И запомнете, тимската работа е најплодна.
- Личниот раст зазема важно место
Здрава врска е онаа во која луѓето успеваат да ги откријат своите најдобри квалитети. Мажот и жената треба да се поддржуваат еден со друг.
- Другите не можат да влијаат на вашата врска
Запомнете, мислењата на другите луѓе не се важни. Важно е само она што вие и вашиот партнер го чувствувате како правилно. Затоа, доколку има некаков проблем во врската, луѓето во здрава врска сами си ги решаваат проблемите без да вклучуваат трето лице.