Џон Котвицки тивко ја гради својата приватна авијациска земја на чудата во Васили, Алјаска. Овој поранешен пилот и инструктор по летање преобразил два патнички авиони во уникатни домови кои ги издава за сместување.
На имотот, кој се простира на околу 100 хектари, тој преобразил два авиони – McDonnell Douglas DC-6 и McDonnell Douglas DC-9 во удобни сместувачки единици со загреани подови, опремени со модерен мебел и џакузи.
DC-6 потекнува од педесеттите години на минатиот век – служел како авион за транспорт на товар и гориво до оддалечените села околу Алјаска. Сега е Airbnb со две спални соби и едно купатило што се издава по цена од околу 300 евра за ноќевање.
DC-9 има три спални соби, две бањи, сауна и топла када и може да прими до седум луѓе одеднаш. Неговата цена е 558 евра за ноќевање.
Џон Котвицки има амбициозен план да создаде мала флота на авиони. Моментално работи на својот трет авион – Боинг 727, кој ќе го претвори во простор за дружење. Во него ќе смести голема кујна и трпезарија и на своите гости ќе им овозможат простор каде што ќе можат да јадат заедно.
Неодамна го купи својот четврти авион – воен транспортер Fairchild C-119 Fyling Boxcar со стаклена геодетска купола и ќе го претвори во сместување на Airbnb идеално за гледање на поларната светлина од удобноста на вашиот кревет.
Котвицки вели дека сметките за греење се екстремно високи за време на студената зима на Алјаска, но сепак ужива во авио авантурата.