Заменете го оризот со ОВАА ЖИТАРКА и гледајте како салото се топи

popara23 август, 20241min00
1724407918-kvinoja-750x500

Оризот е едно од најпопуларните житарки во светот, но тоа не значи дека е најдоброто нешто што можете да го внесете во вашето тело. Оризот е полн со „празни“ јаглехидрати и има најмногу скроб во него.

Освен тоа, обичниот бел ориз има висок гликемиски индекс, што значи дека после јадење ориз, нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува.

Поради сето ова, се почесто можете да најдете рецепти во кои белиот ориз се заменува со кафеав ориз или уште подобро, со киноа.

Киноата, која некои ја нарекуваат мајка на сите житарки, е една од најбогатите намирници без глутен што може да се најде во природата. Содржи аминокиселина лизин, неопходна за организмот за правилен раст и развој и производство на енергија, како и протеини, витамини Б, Е и разни антиоксиданси, флаваноиди, есенцијални минерали, како што се манган, магнезиум, железо, фосфор, калиум, калциум, цинк, бакар и селен, како и растителни влакна. Една шолја киноа има повеќе од една петтина од препорачаниот дневен внес на влакна.

Зошто да го замените оризот со киноа?

Според медицинската платформа Medicinenet, има многу придобивки од киноата, од кои некои се:

– има понизок гликемиски индекс од белиот ориз, што значи дека не го зголемува нивото на шеќер во крвта толку брзо
– богатa е со влакна и протеини, содржи повеќе хранливи материи и има слична мека текстура како оризот
– чаша киноа содржи двојно повеќе протеини и 5 грама повеќе влакна од белиот ориз
– содржи помалку калории и јаглехидрати
– го намалува нивото на триглицериди во крвта после оброк
– има поголема количина на сите есенцијални амино киселини
– има поголем процент на минерали

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma