Тие едноставно блескаат со својот ум и способности.
Постојат неколку видови на интелигенција – емоционална, интуитивна, практична, перцептивна и аналитичка. Астролозите тврдат дека припадниците на овие три знаци на Зодијакот се однесуваат како да го поседуваат секој од горенаведените.
Девица
Девиците ги забележуваат и најмалите детали во секоја ситуација.Се сметаат за најпаметниот знак на Зодијакот.Родените во овој знак се аналитичари, но и многу креативни, што ги прави исклучително добри во решавањето на проблемите.Освен тоа, Девиците се неприкосновени во “читањето” луѓе и ситуации, главно затоа што секогаш внимаваат на деталите што другите ги пропуштаат.
Најголемиот проблем е нивната тенденција да ја преанализираат секоја ситуација, а тоа понекогаш може да ги доведе до опсесија.
Шкорпија
Родените во овој знак се многу интелигентни, независни и не дозволуваат никој да си игра со нивните емоции.Интелигентни, храбри и исклучително интуитивни, брзо ќе ја најдат вашата „Ахилова пета“ и ќе свртат се во своја полза.Тие имаат многу остар ум и имаат тенденција да ја кажат вистинската работа во вистинско време.
Тие се склони кон длабоко размислување, претерана анализа на луѓето и ситуациите околу нив, пишува Žena Blic..
Водолија
Што се однесува до работата, водолијата ќе најде решение за секој проблем со „брзина на светлината“ и ќе понуди корисни совети.Ако некоја тема ги интересира, ќе се обидат да дознаат сè за неа.Меѓутоа, ако темата не им е интересна и инспиративна, нема да губат ни минута од своето време.Водолиите имаат сосема поинаков поглед на светот.
Тие се многу длабокоумни, сакаат да разговараат за филозофски теми, а филозофирањето го сметаат за наједноставна работа на светот, пренесува Luftika.