Тешко е да се замисли Николас Кејџ со кое било друго име, но како и многу аспиративни актери, тој одлучил да го промени своето име кога влегол во индустријата – и тоа со добра причина.
Ѕвездата од „Longlegs“, чие вистинско име е Николас Ким Копола, во интервју за Wired во 2023 година објасни дека додека работел на тинејџерската комедија „Златното доба на Риџмонт“ од 1982 година, бил подложен на непријатни коментари за неговото име.
Кејџ е син на Август Копола и Џој Вогелсанг и внук на познатиот режисер Френсис Форд Копола, кој е најпознат по режијата на филмовите „Кум“, „Апокалипса сега“ и „Дракула“. Поради ова неговите колеги на сетот често се шегуваа.
Кога тој бил на снимањето, луѓето се шегувале дека „го сакаат мирисот на Николас наутро“ мислејќи на Апокалипса сега. Врската помеѓу шегата и филмот се однесува на една од најпознатите реплики во филмот, во која ликот на потполковникот Бил Килгор, кој го игра Роберт Дувал, изговара: „Го сакам мирисот на напалм наутро“.
Таа реченица стана легендарна и често се цитира. Сепак, тоа му пречело на Кејџ бидејќи сакал да избегне поврзување со познато семејство. Тој сакал да изгради сопствен идентитет во индустријата.
„Тоа го отежна и си помислив: Не ми треба ова“, изјави актерот.
Затоа решил да го смени презимето во Кејџ, инспириран од стрипот херој на Марвел, Лук Кејџ и авангардниот композитор Џон Кејџ.
Актерот ја објасни промената на името во интервју за „The Talks“ во 2014 година: „Морав да го сменам. Законски сè уште сум Николас Копола, но лично јас сум Николас Кејџ. Го сакам моето семејство и сите нивни достигнувања, но како млад актер не можев да се откажам од тој притисок на аудицијата, морав да се фокусирам на ликот и на аудицијата, а презимето создаде дополнителен притисок. Промената на моето име ми даде слобода да станам она што сакав да бидам.“