Паркот залив Тангдао во областа Хуангдао на западниот брег на Кингдао е главна туристичка атракција во овој кинески град.
Станува збор за крајбрежен парк изграден околу заливот Тангдао, кој вклучува спортски терени, патеки, карневалски простор и слични објекти и каде повеќето работи се бесплатни.
Локалните жители и нивните гости особено сакаат да се шетаат по мостот виножито што е изграден како дел од овој парк, покрај неверојатното панорамско тркало.
Ова монументално уметничко дело го добило името поради делумно покриениот дел кој е обоен во боите на виножитото. Уште повеќе, ако поминете низ него, ќе се чувствувате како да одите под виножито.
Погледнете ја фотогалеријата за да видите зошто мостот виножито е една од омилените туристички атракции во паркот Tangdao Bay.