Златните прстени на Елвис Присли ќе бидат понудени овој викенд на аукција на ретки предмети кои им припаѓале на познати личности од светот на филмот и музиката.
На аукцијата, меѓу другото, ќе биде вклучено и писмо напишано од членот на Бич Бојс, Брајан Вилсон до неговиот колега од бендот и братучед, објави Ројтерс.
Аукциската куќа Krus GWS ќе понуди речиси 400 предмети, вклучително и некои што му припаѓале на Принц, пејачката Алијах, како и наследниците на произведувачката на кафе Абигејл Фолгер, која беше жртва на групното убиство на Чарлс Менсон.
„На оваа аукција ќе има некои парчиња кои имаат силна емотивна вредност за луѓето“, изјави Брижит Крузе, додавајќи дека тоа се лични предмети на познати личности кои прерано не напуштиле.
Меѓу најинтересните понуди ќе бидат и два уникатни златни прстени на Елвис Присли, кои би требало да достигнат цена меѓу 35 и 60.000 долари.
Има и микрофон од резиденцијата на пејачот во Лас Вегас, како и шише со апчиња од март 1977 година, додека Присли почина неколку месеци подоцна, во август истата година.
Онлајн аукцијата, која ќе се пренесува во живо, ќе се одржи на 31 август.