Како јаболкото помага при губење на тежината? Секој што е на диета треба да го знае ова

popara29 август, 20241min00
Screenshot_9

Според истражувањата, едно јаболко дневно може да ве држи подалеку од посета на доктор. Кората од јаболко ги гради мускулите, го држи нивото на шеќер во крвта под контрола и го намалува холестеролот.

 

 

 

 

Луѓето кои редовно консумираат јаболка имаат 20% помали шанси да добијат срцев удар, па нутриционистката Моника Гренфел предлага диета со јаболка, која може да ви помогне да изгубите и до 5 килограми неделно.

 

„Јаболката отсекогаш биле добри за слабеење. Тие дејствуваат како забрзувачи на губењето маснотии и се богати со влакна, кои помагаат да се запре гладот. Исто така, природниот шеќер во јаболката ја намалува желбата за слатки“, објаснува Моника.

 

Овој план вклучува детоксикација со јаболка, а е успешен бидејќи исхраната се базира на јадење, а не на гладување. Лесно е да се следи, затоа ви препорачуваме да започнете со него уште денес.

 

Зошто јаболка?

1) Јаболката содржат растворливи и нерастворливи влакна кои ќе ви го намалат апетитот

 

2) Истражувањата покажаа дека растворливите влакна се формираат во гел и го спречуваат телото пребрзо да го апсорбира шеќерот.

 

3) Познато е и дека пектинот од јаболкото помага во намалување на холестеролот.

 

4) Пектинот ја запира желбата на телото за храна и до 4 часа.

 

5) Содржат фитохемикалии со антиоксидантни својства кои се борат против стареењето на телото.

 

Јаболката се богати со влакна и се природен лаксатив за сите оние кои страдаат од запек. Сепак, внимавајте да не консумирате повеќе од 5 на ден или да не им давате повеќе од неколку парчиња на малите деца.

 

Неделно мени

Првата недела јадете 3-5 јаболка дневно.

 

Ден 1

 

Јадете 5 јаболка во редовни интервали и секое од нив исечете го на парчиња. Покрај тоа, испијте чаша обезмастено или млеко од соја.

 

Земете една мала шолја обичен јогурт помеѓу оброците, а можете да пиете и кафе и чај, и секако, многу вода.

 

Ден 2-3

 

Јадете јаболка исто како и претходно, но за ручек вклучете мешавина од салата со прелив од маслиново масло и оцет.

 

Ден 4-7

 

Земете 3 јаболка дневно и изберете оброци од планот на менито. Консумирајте половина литар млеко дневно, не задолжително заедно со оброците.

 

План за мени

Појадок

 

Едно јаболко исечено на кришки, омлет со сирење (30 gr сирење, 2 јајца) или каша со млеко.

 

Ужина

 

Мала шолја јогурт.

 

Ручек

 

1 јаболко, ‘ржан леб (со семки и житарици) и урда.

 

Вечера

 

1 јаболко, пилешки гради со брокула варена на пареа, половина шолја интегрален ориз или лосос на скара или на пареа, и салата.

 

Недела 2-4

Следете го овој план за оброци со тридневна детоксикација од јаболка секоја недела, а тие денови не треба да бидат последователни. Оброците означени со ѕвезди се нискокалорични.

 

Понеделник

 

Појадок

 

* 1 јаболко исечкано на кришки со 30 gr снегулки и млеко

 

Ручек

 

* 1 јаболко

* 2 парчиња ‘ржан леб со тврдо варено јајце или со сечкан домат и намаз од сирење

 

Ужина

 

Јогурт

 

Вечера

 

* 1 јаболко

* Печено пилешко со кускус со кајсии и бадеми, или мешан зеленчук со кускус

 

Вторник

 

Детоксикација (како на првиот ден од првата недела)

 

Среда

 

Појадок

 

* 1 јаболко

* Мала чинија овесна каша со млеко и 1 лажичка бадеми во листови

* Грст боровинки

 

Ручек

 

* 1 јаболко

* Омлет од печурки или сирење со салата

 

Вечера

 

* 1 јаболко

* Мешан пржен зеленчук (брокула, тиквички, кромид и сл.), порција кафеав ориз (1 чаша) и малку соја сос

 

Четврток

 

Детоксикација (како на првиот ден од првата недела)

 

Петок

 

Појадок

 

* 1 јаболко

* 30 gr мусли без шеќер со обезмастено млеко

 

Ручек

 

* 1 јаболко

* 2 тенки парчиња ‘ржан леб со сирење и кисели краставички

 

Вечера

 

* 1 јаболко

* Еден поголем домат исечете го на половина и извадете ја средината, наполнете го со 30 gr рендано сирење и кромид и печете на грил тава.

 

Сабота

 

Детоксикација (како на првиот ден од првата недела).

 

Недела

 

Имајте ден без јаболка, уживајте во храната, а можете да изедете и парче торта, но внимавајте да не претерате и да го вратите целиот труд.

 

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: Не се препорачува употреба на оваа диета без претходна консултација со лекар. Не сме одговорни за неуспехот на диетата, нејзината можна штета по здравјето или за други последици што нејзината употреба може да ги предизвика без претходна консултација со стручно лице.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag