Во наредните денови на филмскиот фестивал во Венеција ќе бидат прикажани многу долгоочекувани филмови на познати режисери со исклучителна актерска екипа.
Една од нив е продукцијата на “Queer” на Лука Гвадањин, во која главната улога ја толкува Даниел Крег.
Овој филм е веројатно еден од најшокантните наслови на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, со оглед на тоа што славниот Бонд ќе го гледаме во улога на постар геј кој започнува љубовна врска со многу помлад маж.
Првата фотографија од филмот штотуку е објавена, а премиерата е закажана за 3 септември.Во конкуренција и е адаптација на истоимениот роман на Вилијам Бароуз.
Дејствието се одвива во 1950 година, го следи Вилијам Ли (Крег), американски иселеник во Мексико Сити во раните педесетти години, кој деновите ги поминува целосно сам. Ли шета по градските клубови и барови посетени од американски студенти, отпуштени војници и други ликови од маргините на општеството. Тој лудо се вљубува во отпуштениот маринец по име Алертон, зависник од дрога, кој е рамнодушен кон неговите наклонетости, но на крајот попушта доволно за сексуалните фантазии на Ли да станат негова чиста опсесија. Тие на крајот одат во Јужна Америка во потрага по дрогата „јаге“, за која Ли е убеден дека ќе му помогне да стане јасновидец.