Астролозите истакнуваат три хороскопски знаци за кои септември ќе донесе значителна промена на љубовен план…
Младата месечина во Девица е на 3 септември и внесува ред во нашите животи. Ако долго време не сте ја запознале вистинската личност, ќе се запрашате што ве кочи и ќе ги отстраните тие пречки. Бидете внимателни, бидејќи дури и оние врски кои првично изгледаат ненадежни со текот на времето може да испаднат како добри за вас.
Многумина ќе имаат можност да започнат сериозна врска, но најсреќните се овие три знаци:
Бик
На почетокот на септември ве очекува судбоносна средба. Новата љубов можете да ја запознаете на креативни места – разни клубови, курсеви, во библиотека, книжарница, кино. Таа личност нема да ве собори на прв поглед, туку ќе го почувствувате мирот, сигурноста и топлината со која ве опсипува, а токму тоа го опишува вистинскиот партнер за сериозна врска. Ќе се чувствувате како да ја познавате таа личност цел живот.
Вага
Во септември постојано ќе размислувате за љубовта. Обрнете внимание кога сте покрај пријателите. Може да откриете личност која се грижи за вас, но се плаши да го признае тоа. Можете да сонувате за нешто што ќе ви биде сигнал да обрнете внимание на одредена личност. Или додека работите, наеднаш на ум ви доаѓа мисла за одредена личност. Задолжително слушајте ги овие знаци! Тие ќе ве водат кон врските за кои сте подготвени во овој момент.
Риби
Дозволете си да уживате во врска полна со емоции и страст. Личноста која ќе ви се појави на почетокот на септември ќе биде токму она што ви треба во моментов. Бидете трпеливи и полека развивајте врска ако сакате. Таа личност ќе има сериозни намери, дури и ако на почетокот не изгледа така. Не пливајте на облак од имагинација, туку обрнете внимание на вистинските постапки на личноста.