Конечно падна одлуката! Овој град ќе биде домаќин на Евровизија 2025 во Швајцарија

popara31 август, 20241min00
Screenshot_5

Базел е избран за домаќин на 69. Избор за песна на Евровизија.

 

 

 

 

Одлуката е донесена денеска, а во потесниот избор заедно со Базел влезе и Женева. „ЕБУ е воодушевена што Базел ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2025 година. Натпреварот е роден во Швајцарија, во Лугано во 1956 година и прекрасно е да се врати по речиси 70 години“, рече Мартин Остердал од организацијата.

 

Базел е трет најнаселен град во Швајцарија и втор по големина со пошироката градска област. Освен градот домаќин, одредени се и термините на Евровизија 2025 година. Финалето ќе биде на 17 мај, а полуфиналните натпревари на 13 и 15 мај.

 

Изборот за песна на Евровизија во Швајцарија го донесе Немо, кој победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Шведска со песната The Code.

 

Сепак, конзервативните групи од Швајцарија не сакаат натпреварот да се одржи во таа земја.

 

Христијанско-конзервативната швајцарска Федерална демократска унија (ЕДУ) во средината на јули објави дека ќе распише референдум за тоа дали може да се користат јавни средства за одржување на натпреварот во градовите што се пријавиле за да бидат домаќини.

 

„Песна на Евровизија е страшен пропаганден настан! напиша EDU на X минатиот месец. „Земја што му дава сцена на ова одвратно ѓубре не го подобрува својот имиџ, туку го покажува своето интелектуално распаѓање“, се додава.

 

ЕДУ е релативно помала политичка партија, но нејзините повици за референдуми во некои кантони се поддржани од десничарската Швајцарска народна партија и Здружението на швајцарски даночни обврзници.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag