Лејди Гага за прв пат во јавност со вереникот – познатата пејачка и бизнисменот си разменија нежности како никој да не гледа

popara4 септември, 20241min00
Лејди Гага со вереникот

Познатата пејачка за прв пат се појави во јавноста со својот вереник Мајкл Полански.

Во тек е познатата венецијанска Мостра, а по тој повод во италијанскиот град на вода се собра самиот крем на светскиот џет сет.

Лејди Гага своевремено го пееше текстот „I’m as free as my hair“, а во последно време нејзиниот изглед јасно покажа колку се чувствува слободно со промената на бојата на косата.

На филмскиот фестивал во Венеција, кој започна на 2 септември, познатата пејачка се појави со препознатлива руса коса, речиси три недели откако на социјалните мрежи објави селфи со црна коса и избелени веѓи.

Добитничката на 13-та Греми награди, која дојде во Венеција за да го промовира филмот „Joker: Folie à Deux“, уживаше во возење со гондола со својот вереник.

Полански и Гага си разменија бакнежи додека крстосуваа по венецијанските канали и ја продолжија својата романса кога пристигнаа на брегот пред хотелот Cipriani.Ова е првпат пејачката свесно да се појави пред камерите на фоторепортерот во друштво на идниот сопруг, а насмевката не ја тргаше од лицето.

Ѕвездата на најновиот филм Џокер блесна во мини црн тафтуван фустан од La Roxx, кој го спои со класични салонки од Gianvito Rossi, очила за сонце Celine и тренди монохроматски хулахопки.

Полански дозволи својата поубава половина да биде во центарот на вниманието, како и обично, и се одлучи за незабележлива целосно црна комбинација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag