Адел одби 200 милиони долари! На пејачката и понудиле луда сума пари, а таа не сакала ни да ја слушa

popara6 септември, 20241min00
Адел

Пејачката Адел ја одби најголемата понуда во кариерата – 200 милиони долари за да ја продолжи турнејата.
Тоа беше понуда што можеше да ја однесе во Кина, каде што ќе настапуваше во казино во Макао слично на она што го имаше во Лас Вегас под името „Викенди со Адел“, дознава Алисон Бошоф за “Daily Mail”.

Сепак, пејачката решила да биде доследна на својата последна изјава, а тоа е да се повлече на одредено време од јавноста за да се омажи.На 23 ноември годинава пејачката ќе ја заврши култната програма „Викенди со Адел“ во Лас Вегас со својот 100-ти концерт. За секое појавување и плаќале по 500.000 фунти, а парите нема да ја натераат да се врати во јавноста.

– Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да биде дома со своето дете. Кинеската агентка ставила милиони долари на маса за зделката, но на крајот не сакала да прифати. На прво место го стави своето дете, партнерот и себеси – рекол изворот.

Познато е дека на крајот на годината музичарката планира да се пресели во Англија, каде има луксузен стан во центарот на Лондон, за да го одгледа синот во мир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag