Кендрик Ламар ќе настапува на полувремето на Супербоул во 2025

popara9 септември, 20241min00
Kendrick Lamar Performance at the NBA on TNT American Express Road Show Stage

Првиот рапер добитник на Пулицерова награда, Кендрик Ламар, ќе настапи на полувремето на Суперболот во 2025 година, објавија во неделата Националната фудбалска лига и Apple Music.

Ќе биде вторпат повеќекратниот добитник на Греми и Пулицер да настапува на еден од најпосакуваните музички настани, но ќе биде прв пат тој да биде главен изведувач, пишува Би-Би-Си.

„Рап музиката сè уште е највлијателниот жанр до сега. И јас ќе бидам таму да го потсетам светот зошто. Тие ја добија вистинската личност за тоа“, рече Ламар.

Супербоулот ќе се одржи на 9 февруари во Њу Орлеанс во Caesars Superdome и ќе се емитува на телевизија Фокс. Ќе биде продуциран од раперот Џеј Зи, кој ги продуцираше и последните пет изведби на Супер Боул.

Ламар веќе има настапувано на овој настан, но не како соло уметник, туку заедно со Д-р Дре во 2022 година. Тогаш, сцената на Супер Боул ја делеа Дре, Снуп Дог, 50 Сент, Мери Џеј Блајџ, Кендрик и Еминем.

Ламар е познат како еден од најинвентивните текстописци во жанрот на хип-хоп. Во 2018 година, тој стана првиот хип-хоп изведувач кој ја добил Пулицеровата награда за музика.

„Кендрик постојано ја докажува својата уникатна способност да создава посебни моменти кои ги редефинираат и на крајот ги разнишуваат самите основи на хип-хопот“, рече шефот на музика во НФЛ, Сет Дудовски.

Ламар се најде на насловните страници оваа година поради неговата јавна расправија со канадскиот рапер Дрејк, а двете ѕвезди објавија серија песни “disstracks” (напишани за намерно да навредуваат или нападнат одредена личност или група) на почетокот на оваа година. Две песни со Ламар станаа големи хитови, вклучувајќи ги Like That Future и Metro Boomin, како и Not Like Us на Ламар.

На овој спортски настан настапија уметници како Ријана, Ашер, Бијонсе, Ролинг Стоунс и Брус Спрингстин.

Супербоул е најголемиот спортски настан во Соединетите Држави. Привлекува десетици милиони гледачи и се емитува низ целиот свет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma