Дали вашиот сексуален живот замре? Еве какви последици може да има!

popara9 септември, 20241min00
Сексуално незадоволство

Студиите кои ги следат паровите со текот на времето откриваат дека оние кои се незадоволни од својот сексуален живот имаат помала веројатност да останат заедно.

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да си помислите: „Не ми е гајле дали некогаш ќе имам повеќе секс“ или „Тој дел од мојот живот заврши“? Ако е така, не сте единствените. Околу 30% до 55% од жените во долги врски пријавуваат намалување на сексуалната желба. Овој проблем не ги погодува само жените – меѓу 1% и 28% од мажите наведуваат и дека сексот веќе не им е интересен, пишува Your Tango.

Кога едниот партнер губи интерес за секс, тоа често доведува до проблеми во врската или до врска без сексуална интимност. Иако некои парови заеднички одлучуваат да престанат со сексуалната активност и се задоволни со тоа, ситуацијата кога само еден партнер ја донесува оваа одлука може да предизвика сериозни проблеми, вклучително и недостаток на позитивен допир, а не само сексуален. Главната последица на таквата врска е сексуалното незадоволство, кое носи два големи ризици за врската:

Незадоволство од врската: Истражувањата покажуваат дека сексуалното задоволство и целокупното задоволство од врската се поврзани. Паровите кои се помалку среќни имаат помалку секс, но важно е да се нагласи дека е и спротивното – оние кои се незадоволни од својот сексуален живот често се незадоволни и од својата врска. Губењето на сексуалната интимност може да ја ослаби основата на врската бидејќи сексот е единствен аспект на врската што ја разликува двојката од другите врски.

Поголем ризик од раскинување: Паровите кои минуваат низ сексуална суша често се соочуваат со чувства на незадоволство и исклучување. Тоа може да доведе и до напнати разговори за секс, кои потоа се прелеваат и на други аспекти од врската. Исто така, паровите во вакви ситуации често престануваат да се допираат на нежен начин, што дополнително го влошува квалитетот на врската.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag