Супермесечината во Риба носи големи промени: Спремете се за изненадувања

popara10 септември, 20241min00
676 (2)

За само седум дена нè очекува неверојатната енергија на Супермесечината во Риби, што е многу редок феномен. Ова ќе значи делумно затемнување, но и момент кога ќе можеме убаво да ја видиме Месечината на небото.

Каква порака носи Супермесечината?

Ова е период на откритија и завршетоци. Со оглед на тоа што Рибите се последниот знак на Зодијакот, тоа е знак дека на некои работи ќе ни дојде крајот во животот и дека некои работи ќе ги видиме подобро и појасно од порано. Можно е да сфатиме низ каков циклус сме поминале и што сме преживеале.

Во овој период ќе имаме тенденција да затвораме врати кои не ни носат ништо. Исто така, можни се брзи завршетоци што ќе ги потресат нашите животи на некој неочекуван начин.

Иако ова е најслабото затемнување што можеме да го видиме, ова е периодот кога ќе сфатиме дека доаѓа подобро време за нас и период во кој ќе одиме во идеална насока, дури и ако тоа не ви изгледа така на почетокот. Знајте дека може да ве чекаат судбоносни средби и настани и секогаш ќе се случува да бидеме токму онаму каде што треба.

Бидејќи Месечината е во знакот Риби, тоа е знак дека ќе бидеме емотивни и чувствителни и дека некои рани ќе зараснат многу брзо и дека на работите треба време да се регенерираат, па да бидеме трпеливи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma