КЕФИР ДИЕТА: Изгубете 7 килограми за 7 дена

popara30 септември, 20241min00
Screenshot_3

Многумина мислат дека кефирот и јогуртот се една иста работа, но станува збор за два сосема различни напитоци. Иако е многу сличен на јогуртот, кефирот претставува совршено средство за зајакнување на имунитетот и за забрзување на метаболизмот, а се добива од млеко и габа-кефир.

 

 

 

 

Како да подготвите кефир

Кефирот е напиток што спаѓа во најефикасниот пробиотик во кој има многу позитивни бактериски култури, калциум, магнезиум, витамин Б12, Д витамин како и други корисни состојки.

Кефирот е млечен производ што се добива со ферментација на млекото во кое имате ставено кефир габа.

 

Кефирот секој од нас може да си го подготви сам, во домашни услови.

 

За да го направите тоа, потребно е да набавите „кефирни зрна“, кои всушност се симбиозна заедница од бактерии и квасци. Кефирните зрна се ставаат во тегла со млеко, се покриваат со парче газа и отприлика за 24 часа (во зависност од количината на зрна, млеко и од температурата на собата) млекото е ферментирано. Течноста се процедува низ пластична цедалка и веќе го имате вашиот готов ферментиран производ. Зрната се мијат и повторно се враќаат во тегла. Теглата се полни со свежо млеко и процесот се повторува. Следниот ден ќе имате нова тура на ферментиран пијалак, односно кефир.

 

Извор на пробиотици

Кефирот е извор на пробиотици односно живи бактерии што го поддржуваат нашиот дигестивен систем. Иако цревата веќе содржат билиони бактерии, пробиотиците што ги консумираме од здрави извори како кефирот, го одржуваат нивниот баланс во телото.

 

Покрај тоа, со консумирање ферментирана храна како јогурт, кисела зелка или кефир, му помагаме на имунолошкиот систем да зајакне, а разни истражувања покажале дека пробиотиците исто така влијаат и врз нашата емоционална добросостојба, бидејќи бактериите во стомакот можат да влијаат врз мозокот и емоциите.

 

Покрај тоа што кефирот ќе го одржува здравјето на дигестивниот систем, тој ќе го зајакне и имунитетот, а ќе помогне и во чистењето на крвните садови.

 

Ослабете со пиење консумирање кефир

Кефирот е вистински пијалак доколку сакате да ослабете, а притоа и да го зачувате здравјето. Кефир диетата нема временско ограничување колку треба да се применува. Придржувајте се на овој начин на исхрана онолку долго колку што мислите дека ви е потребно. Меѓутоа, кефир диетата што трае седум дена, дава неверојатно позитивни резултати. Луѓето што се придржуваат кон овој начин на исхрана, ослабеле неверојатни седум килограми.

 

Во седумдневниот кефир начин на исхрана мора да ги внесувате сите три предвидени оброка и додека трае, во никој случај не би требало да почувствувате глад. Јадете ги само наведените намирници и строго придржувајте се кон наведениот редослед доколку сакате да ги добиете посакуваните резултати.

 

Прв ден

 

Појадок: Чај или кафе без шеќер. Чаша кефир во која ќе додадете три лажици ленено семе.

Ужина: Овошна салата.

Ручек: Пилешка супа, 150 грама бело пилешко месо комбинирано со варен морков и свежа сезонска салата.

Ужина: Две парчиња интегрални бисквити.

Вечера: Чаша кефир и парче леб подготвен од хељда и порција свежа сезонска салата.

 

Втор ден:

 

Појадок: Една чаша кефир со три лажици ленено семе.

Ужина: Две јаболка.

Ручек: Риба по ваш избор, варен компир и салата од домати.

Ужина: Една банана.

Вечера: Една чаша кефир со ленено семе.

 

Трет ден:

 

Појадок: Чаша кефир со ленено семе.

Ужина: Тостиран интегрален леб со мед.

Ручек: Чорба со сезонски зеленчук и салата со краставици.

Ужина: Овошје по ваш избор.

Вечера: Два варени компири и еден варен морков во комбинација со една чаша кефир.

 

Четврти ден:

 

Појадок: Една чаша кефир со ленено семе.

Ужина: Овошна салата.

Ручек: Пилешки паприкаш со салата подготвена од кисела зелка.

Ужина. Варен гриз.

Вечера: Порција интегрален ориз.

 

Петти ден

 

Појадок: Една чаша кефир со ленено семе.

Ужина: Овошна салата од сезонско овошје.

Ручек: Телешка супа во комбинација со 15 грама динстан зеленчук.

Ужина: Домашно подготвен овошен јогурт.

Вечера: Една чаша кефир со ленено семе.

 

Шести ден

 

Појадок: Една чаша кефир со ленено семе.

Ужина: Овошје по ваш избор.

Ручек: Мусака од тиквички комбинирана со таратур направен од кефир.

Ужина: Лешници, бадеми и ореви.

Вечера: 150 грама риба, парче интегрален леб и зелена салата.

 

Седми ден

 

Појадок: Една чаша кефир со ленено семе.

Ужина: Овошна салата.

Ручек: Јунешка шницла комбинирана со свежа сезонска салата

Ужина: Две банани.

Вечера: Парче интегрален тост со малку путер и свежа сезонска салата.

 

Тридневна кефир диета

Покрај седумдневната, постои и тридневна кефир диета, која за многу краток период дава солидни резултати.

 

Доколку сакате да се обидете со оваа диета, следете го овој начин на исхрана.

Прв ден:

 

Појадок: Кајгана од две јајца, салата со краставици и една шоља кефир.

 

Ручек: Пилешка супа, варени моркови, 100 грама пилешко бело месо, салата од цвекло и парче интегрален леб.

 

Вечера: 150 грама риба на скара, зелена салата, чај.

 

Втор ден:

 

Појадок: Гриз или палента со кефир.

Ручек: Супа од печурки, 300 грама манџа од месо и зеленчук и салата од свежа зелка.

Вечера: Варен компир во комбинација со кефир.

 

Трет ден:

 

Појадок: Тостиран интегрален леб и кефир.

Ручек: Две чаши кефир.

Вечера: Неколку печени компири со мед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag