Критики на сите страни: Познатиот пејач е во врска со 44 години помлада девојка, сите ги осудуваат, а тие го порачаа ова

popara24 септември, 20241min00
Screenshot_4

Партнерката на Мик Џегер, Мелани Хемрик не се грижи за нивната разлика во годините.

 

 

 

 

Во интервју за „The Sunday Times“, 37-годишната Мелани одговори на критиките во врска со разликата во годините меѓу неа и Џегер (81).

 

„Не размислувам за тоа. Секој има свое мислење“, рече таа.

 

„Ако размислувате за мислењата на другите луѓе, без разлика каде сте во животот, ќе имате проблем“, додаде таа.

 

„Си ставив „ролетни“. Дали сум среќна? Да. Дали луѓето во мојот живот се среќни? Да. Дали повредувам некого? Не. Во ред, тие можат да си ја гледаат својата работа“, рече Хемрик.

 

На крајот открила дека е среќна и не се грижи за ништо друго. Таа откри дека со Џегер живеат на две места: во изнајмена куќа во Њујорк и во замок на реката Лоара во Франција, каде што нивниот син Деверо оди на училиште.

 

Џегер ја запознал својата сегашна девојка во февруари 2014 година на концерт на „Ролинг Стоунс“ во Токио. Таа на концертот пристигнала како танчерка на Американскиот балетски театар и тогаш имала 26 години. Хамрик се присети дека Џегер ја поздравил кога се сретнале зад сцената.

 

Пред седум години го добија синот Деверу.

 

„Мик целосно се промени. Многу често менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен“, изјавил тогаш извор за американските медиуми.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma