Почина легендарната британска актерка Меги Смит, позната по улогите во Даунтонска опатија и Хари Потер

popara28 септември, 20241min00
FILE PHOTO: Actress Maggie Smith arrives at the Royal Film Performance and World Premiere of the film, "The Second Best Exotic Marigold Hotel", at Leicester Square

Британската актерка Меги Смит, позната по филмовите за Хари Потер и Опатијата Даунтон, почина на 89-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Легенда на британската сцена и екран, таа освои два Оскари во текот на нејзината кариера – за филмот „The Prime of Miss Jean Brodie“ во 1970 година и „California Suite“ во 1979 година.

Во Велика Британија ја имала титулата дама.

Во изјавата на нејзините синови Тоби Стивенс и Крис Ларкин се наведува дека актерката починала мирно.

„Со голема тага мораме да ја објавиме смртта на Дамата Меги Смит. Таа почина мирно во болница рано утринава, петок 27 септември. Беше со пријателите и семејството. Зад себе остава два сина и пет внуци кои се тажни поради загубата на нивната исклучителна мајка и баба“, напишале тие, пренесува BBC.

Тие им се заблагодарија на персоналот во болницата Челзи и Вестминстер за грижата и, како што рекоа, неограничената добрина во последните денови на актерката.

„Ви благодариме за сите ваши љубезни пораки и поддршка и бараме да ја почитувате нашата приватност во овој момент“, изјавија тие.

Кариерата на Меги Смит започна во театарот, но таа ја доби својата прва номинација за Бафта во мелодрамата „Nowhere to Go“ од 1958 година.

Во 1963 година Лоренс Оливие ѝ ја понуди улогата на Дездемона наспроти него како Отело во лондонскиот национален театар, а две години подоцна беше снимен филм со оригиналната актерска екипа. За таа улога Меги Смит беше номинирана за Оскар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma