Деми Мур за ЕКСТРЕМНИОТ начин на кој ОСЛАБНАЛА по второто породување: „Се изложив на огромен притисок“

popara1 октомври, 20241min00
f635943eeeedaa1c294af58de022afd18be1df5c

Неодамна, за време на промоцијата на филмот „The Substance“, кој се занимава со нереалните стандарди за убавина кои се поставени пред жените, но и пред мажите, Деми Мур се потсети на нејзиниот интензивен режим на вежбање по раѓањето на нејзината ќерка Скаут во 1991 година.

Познатата актерка и нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис тогаш живееле во Малибу, а Деми секој ден возела велосипед по 48 километри во двата правци до местото каде што се снимал филмот „Indecent Proposal“. Таа се одлучила на оваа екстремна должина на возењето за да ја врати линијата што ја имала пред бременоста, пишува Дејли Мејл.

– Се изложив на голем притисок. Ми рекоа дека морам да ослабам. Иако коментарите можеби беа срамни и понижувачки, тоа го направив поради нив – се присетила актерката.

– Мислам дека мојата ќерка Скаут имаше пет или шест месеци кога го снимавме тој филм. Така, ја доев цела ноќ, станував во темница и во тренерки и возев со светла сè до Парамаунт, каде било, дури и до локацијата каде што снимавме; потоа снимање цел ден, кое обично трае 12 часа; а потоа одново – открива Деми Мур.

– Дури и самата идеја за тоа што му направив на моето тело е толку луда и смешна – признава таа.

Инаку, покрај ќерката Скаут која денес има 33 години, актерката со бившиот сопруг, познатиот актер Брус Вилис ги има и ќерките Румер (36) и Талула (30).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag