Кајли Џенер стана манекенка: Прошета на пистата во црн балски фустан, сестра ѝ Кендал позелене од љубомора

popara2 октомври, 20241min00
102039_profimedia-0870799939_f

Верувале или не, Кајли Џенер за прв пат прошета по модната писта за време на модната недела во Париз. Вистина е дека порано седеше во првиот ред на модните ревии, но сега на најдобар можен начин зачекори на пистата.

Кајли на ревијата на Коперни во Дизниленд носеше драматичен црн фустан. Тоа беше совршен кралско-готски момент, а го комплетираше прекрасниот замок на Заспаната убавица.

Според брендот, фустанот на Кајли бил „темен балски фустан“.

Фановите ќе го паметат виралниот момент од детството на сестрите Џенер кога Кендал изрази желба да стане модел, што предизвика бурни реакции кај Кајли. Кендал ѝ го покажа на мајка си албумот на кој имаше нејзини фотографии, а потоа истото и го направи на Кајли затоа што беше љубоморна на сестра си. Сепак, нејзиниот албум не го привлече очекуваното внимание од мама Крис, а Кајли почна да беснее и дрско го фрли албумот.

Се чини дека Кајли во моментов е во центарот на вниманието кога е модата во прашање, а нè тера да се запрашаме дали мегапознатата манекенка Кендал Џенер е дури и малку љубоморна на својата помлада сестра.

Нејзината мајка Крис Џенер секако го сподели моментот на својот Инстаграм и напиша: „Мојата прекрасна принцеза! @kyliejenner го затвора шоуто Коперни во Дизниленд Париз вечерва! @coperni.”

Иако фустанот на Кајли сè уште не е достапен, Коперни им даде шанса на обожавателите да го зграпчат фустанот веднаш по ревијата. Новата чанта на Kopeoni „Mickey Mouse Swipe Bag“ моментално е во продажба на веб-страницата на брендот и нејзината цена е околу 743 евра (820 долари).

„Непосредно од нашето шоу SS25 во Дизниленд Париз, оваа ограничена едиција „Swipe“ чанта го зема иконскиот стил на Коперни и го спојува со јадрото на Мики Маус на Дизни“, се вели во описот.

Коперни објавуваше слики од локацијата цела недела пред првото појавување на Џенер на модната ревија. Кајли уживаше и во Париз за време на Модната недела, а се појави и на годишната гала Business Fashion, пренесува InStyle.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag