Познатиот моден магазин Marie Claire секоја година ги тестира парфемите и составува листа на најдобрите, најдолготрајните и најнезаборавните.
Секако, вкусовите се различни, па нечиј субјективен впечаток може да биде сосема поинаков, а најдобар парфем за секого ќе биде оној што најмногу му одговара и за кој добиваат најмногу комплименти, но опсежното и објективно тестирање кое беше спроведено сепак донесе неколку победнички имиња. Беше потребен еден месец на опширно прскање, мирисање и споредување.
Не беше важен само мирисот, туку и неговата упорност и однесување во различни средини, а еве што Мари Клер има да каже за победниците во секоја од категориите:
„Победниците го претставуваат нашиот избор на најдобрите од најдобрите; избор на безвременски класици и возбудливи новитети. Без разлика дали се придржувате до вашиот препознатлив мирис или сакате да мешате парфеми во зависност од вашето расположение, ќе откриете дека овие избори имаат нешто заедничко: сите тие мирисаат навистина, навистина добро.“
Во најважната категорија, онаа за најдобар женски парфем на сите времиња, победи најбараниот парфем на Yves Saint Laurent, Black Opium.
Во горните ноти овој мирис има круша, розов бибер и цвет од портокал, во средината се кафе, јасмин, горчлив бадем и сладунец, додека основата се состои од ванила, пачули, дрво кашмир и кедар.
Од своето појавување на пазарот, парфемот има лојална армија обожаватели, а неговото сјајно црно шише покажува дека е доминантен и заводлив мирис кој нема да разочара ниту на крајот на денот. Благодарение на моќните ноти, се развива длабински, па без проблем трае цел ден, мирисајќи исто добро и упорно.
Ова парфемско ремек дело е инспирирано од култниот парфем Opium лансиран од Ив Сен Лоран во 1977 година. Black Opium е создаден во 2014 година од четворица големи парфимери: Натали Лорсон, Мари Саламањ, Оливие Кресп и Онорин Блан.
Во категоријата најдобар машки парфем на сите времиња, овој пат триумфираше уште еден класик: тоалетната вода Dolce & Gabbana Light Blue Pour Homme.
Горните ноти на мирисот се сицилијански лимон, јаболко, кедар и сино ѕвонче, во средината се бамбус, јасмин и бела роза, додека основата се состои од кедар, мошус и килибар.
Креаторите на парфемот велат дека ова култно шишенце ја доловува суштината на незаборавното лето.
Категоријата за најдобар унисекс парфем го доби својот победник во форма на парфемот Share на Kilian Paris Angels, прекрасен мирис со масло од коњак, ванила, цимет, сандалово дрво, пралини и зашеќерени бадеми.