Со лично богатство чија вредност се проценува на 120 милиони долари, холивудската актерка Анџелина Џоли може да си дозволи што ќе посака, но секој дополнителен милион што ќе и падне во џеб – секогаш добро доаѓа. Со продажбата на култниот модел на Ferrari 250 GT, кој реши да го понуди на аукцијата на Кристи, таа би можела да заработи многу повеќе од неговата почетна цена од 800 илјади евра, која ќе им биде понудена на аукционерите во Париз на 20 ноември годинава.
Автомобилот на Анџелина ќе биде ѕвезда на аукцијата за луксузни автомобили, бидејќи купето Pininfarina од 1958 година има посебно место во срцата на колекционерите, а дополнителен плус е името на претходниот сопственик од холивудската А-листа, што сигурно ќе ја подигне цената.
Затоа што е ретка привилегија кога може да се пофалите дека седите зад воланот на возилото што го управувала Анџелина Џоли. Ферари 250 ГТ е дел од нејзината колекција олдтајмери, а угледната аукциска куќа се уште не ги коментирала причините поради кои актерката решила да го стави на продажба.
Сепак, сигурно е дека автомобилот е во совршена состојба, бил редовно сервисиран во идеални услови, а името и угледот на една од најпознатите аукциски куќи е гаранција за купувачите дека нема да добијат нешто што не сакаат. Како и да е, се работи за култен модел на класичен спортски автомобил, кој достигнува максимална брзина од 280 километри на час, а од 0 до 100 забрзува за само 5,8 секунди.
Примерокот на 49-годишната актерка беше единаесетта од вкупно 353 парчиња од споменатиот модел што некогаш биле продадени, а специфичен е по црното тело и црвениот кожен ентериер. Моделот првично беше претставен во 1958 година под стаклената купола на изложбениот салон на музејскиот комплекс Гранд Пале во Париз, а во официјалното соопштение на аукциската куќа се вели дека идниот сопственик ќе може да се пофали со уникатен модел со уникатна приказна.
„Како еден од најбараните класични автомобили во светот, Ferrari 250 GT во своите совршени пропорции и незаборавен дизајн комбинира елеганција и моќ и несомнено спаѓа во категоријата на најдобрите уметнички предмети во светот на автомобилската индустрија досега.“, стои во официјалното соопштение. А клеветниците тврдат дека Анџелина сака да се ослободи од иконското Ферари, бидејќи со тоа го нервира нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, кој уживал да го вози по холивудските ридови.