Прогласен за најубав маж на светот: Познатиот актер убедливо го зазеде првото место, човекот е едноставно совршен!

popara12 октомври, 20241min00
Screenshot_3

Според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон, најубавиот маж на светот е актерот Арон Тејлор-Џонсон.

 

 

 

Де Силва дошол до овој заклучок користејќи го методот „мапирање на лице“, многу популарен метод во пластичната хирургија. Се заснова на „златниот пресек“.

 

„Арон беше убедливиот победник, кога му ги измеривме сите физички предиспозиции“, вели пластичниот хирург.

 

„Она што го прави Арон посебен е обликот на неговото лице. Со резултат од 99,2 отсто, научно е докажано дека е најубавиот маж на светот. Нему му недостасуваат само 0,8 проценти за да биде совршен“.

„Ширината и должината на неговиот нос се совршени мерења, дури 98,8 проценти. Исто така, тој има убаво извајана брада која доби добра оценка од 95 проценти“.

 

„Сите резултати беа навистина одлични, освен неговото растојание помеѓу очите од 89 проценти. Исто така, растојанието помеѓу носот и горната усна е 89,6 проценти, како и општото растојание помеѓу усните е 86 проценти“.

 

Второто место го зазеде актерот Лушн Левисконт, ѕвездата на серијата „Емили во Париз“, а третото место му припадна на Пол Мескал. Веднаш зад нив беше актерот Роберт Патисон, а потоа и Џек Лоуден.

 

„Клуни е најстарата ѕвезда на листата, но со своите физички предиспозиции и понатаму е еден од попривлечните мажи“, заклучи Де Силва.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag