Нова анкета го откри идеалниот број на партнери што една личност би требало да ги има, барем според мислењето на испитани 1.000 мажи и исто толку жени.
Истражувањето го спроведе британскиот сајт за запознавање IllicitEncounters, a според резултатите 52% од испитаниците сметаат дека 13 е идеалната бројка.
Според податоците, на некој нема да му се допадне ако партнерот имал повеќе од 18 сексуални партнери, со што се сложуваат 73% од испитаниците. Некои тоа го гледаат како знак дека некој би можел да биде неверен, што и не мора да е поврзано со прељуба.
Податоците покажаа и дека 67% од жените лажат за бројот на сексуални партнери, во однос на 13% од мажите. Причината за тоа е што можеби жените се повнимателни во споделувањето на нивните интимни авантури за да делуваат поконзервативно кон спротивниот пол, пишува Daily Star.
Дури 77% од мажите изјавиле дека би спиеле со некого уште на првиот состанок доколку постои заемна хемија, за разлика од само 39% од жените.
Интересно е што повеќето мажи (59%) за разлика од жените (46%) сметаат дека големиот број сексуални партнери го прави некого помалку посакуван, што сугерира дека и понатаму постои социјална стигма во поглед на перцепцијата на промискуитет меѓу половите.
Според истражувањето, само 31% од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на нивниот партнер што укажува на тоа дека луѓето попрво не би сакале да се носат со чувствата поврзани со тоа прашање. Особено ако одговорот не им се опадне.
„Тринаесет партнери е идеален број и гарантира дека ќе завршите во кревет со некој искусен, авантуристички настроен и отворен партнер, вели секс експертот Џесика Леони.