Шумскиот парк Сантаишан е огромна туристичка атракција во кинескиот град Сукиан во северната провинција Џангсу, Кина, кој секоја година го посетуваат милиони луѓе.
Паркот се гордее со своите ливади и прекрасните полиња со цвеќиња, кои се опкружени со дрвја и водни тела, а низ кои се виткаат добро уредени патеки за пешачење, пишува Punkufer.hr.
Не само што ова место е совршено за шетање и (фотографирање) уживање во природата, туку ги претставува и „белите дробови“ на градот во кој живеат околу 5 милиони луѓе.
Малкумина надвор од Сукиан би погодиле дека пред само 10 години на местото на овој парк имало огромни запуштени грмушки.
Тим архитекти од Turenscape беше ангажиран да ја дизајнира парк-шумата како катализатор за трансформирање на напуштениот пејзаж и зголемување на вредноста на околната земја во нова приградска област.
Локалните жители тврдат дека април и мај се најдобро време за посета на ова место бидејќи цвеќињата се во полн цут и создаваат неверојатни сцени.