Цел свет го гледа видеото кое кружи на интернет, еве што се случи меѓу Селма Хајек и Никол Кидман: Изгледа не ја турна или сепак да?

popara16 октомври, 20241min00
Screenshot_8

Снимка од инцидентот, едната ја поттурна и ѝ подвикна: „Не допирај ме“!

 

 

 

 

Никој не очекуваше вакво нешто од ѕвездите на Холивуд Никол Кидман и Селма Хајек.

 

Познатата актерка Никол Кидман се однесуваше, во најмала рака, грубо и недолично кон својата колешка Селма Хајек. Имено, тие двете се најдоа на црвениот тепих истовремено со пејачката Кети Пери пред ревијата на Баленсијага за време на неодамнешната Модна недела во Париз, но никој не можеше да сонува дека ќе се случи она што случи.

 

На видеото, кое штотуку се појави на социјалните мрежи, се гледаат трите славни жени кои се подготвуваат да позираат. Додека Никол е свртена со грбот кон фотореортерите, Селма во еден момент ја фаќа и ја врти кон себе и објективите. Ова очигледно ја изнервирало австралиската актерка која ја оттурнува раката на Селма, пишува „Daily Mail“.

@gala.fr

#salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw

♬ Way down We Go – KALEO

Според порталот, кој се повикува на изјава на сведок на инцидентот, Никол, откако ѝ ја оттурнала раката, наводно ѝ подвикнала на Селма: „Не допирај ме!“ Потоа Никол ѝ го врти грбот, повторно се врти кон Селма и ѝ вели нешто, мавтајќи со раката, како да ѝ вели да престане. Збунетата Селма нешто ѝ одговара, како да се правда.

 

Сведок на овој немил настан беше пејачката Кети Пери, која изгледа засрамено поради тоа што се случуваше. Исто така, бројни фотографи тврдат дека тензијата помеѓу двете актерки можела да се почувствува.

 

По кусото позирање, Кидман се поздравува со Пери, ѝ кажува нешто грубо на Селма, која е целосно збунета од однесувањето на нејзината колешка.

 

На никого не му е јасно од каде доаѓа оваа тензија помеѓу двете актерки која е на граница на конфликт. Тие двете, барем колку што е познато, никогаш немале никаков проблем.

 

Видеото од инцидентот помеѓу двете актерки стана вирално на социјалните мрежи и веќе собра повеќе од осум милиони прегледи. Многумина се запрашаа што се случило со Никол, која беше толку непријатна спрема нејзината колешка.

 

– Зошто Никол е толку непристојна?

 

– Ова е одвратно! Се гледа колку Селма е збунета од нејзиното однесување.

 

– Не сум изненадена, Никол глуми дека е фина, а е спротивно од тоа. Овде го покажа вистинското лице.

 

– Сфаќам дека Селма веројатно се обиде да ја насочи да позира пред камерите, но некои луѓе без разлика на ситуацијата, не сакаат да ги допираат, и тоа едноставно треба да се почитува – беа дел од коментарите на овој настан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag