Ѕвездата на „Dune“, Зендаја, синоќа се појави на церемонијата на „Rock & Roll Hall of Fame“ и го привлече вниманието на сите присутни со златен фустан.
Со фустанот максимално ја истакна својата фигура и покажа колку е убава, а тоа не беше моден избор, туку сакаше со тој фустан симболично да ѝ оддаде почит на легендарната Шер, која таа вечер влезе во Куќата на славните.
Сличен фустан од истиот дизајнер, Боб Меки, носеше и славната Шер во далечната 1972 година.
View this post on Instagram
Синоќешниот изглед на Зендаја бараше многу храброст, а младата, глобално популарна ѕвезда сигурно ја има.
– Каде да почнам? Нејзиното име е легендарно како и нејзиното наследство – гласи изјавата на Зендаја до Шер.