Ривалството меѓу познатите личности е вообичаен феномен, но помалку е познато дека манекенката Наоми Кемпбел и Викторија Бекам не можат да се поднесат.
Кога Викторија одржа модна ревија во 2013 година, Наоми јавно ја прозва бидејќи на ревијата се појави само една манекенка со темна кожа, а потоа, покрај Викторија, прозва и други брендови, како модната куќа Александар Меквин и Мулбери.
@hmblvd #naomicampbell #90sfashion #victoriabeckham #celebritygossip #feud #adrianalima #fashion #90sfashion #funny #iconi #iconicmoments #britishhumour #supermodel #tyrabanks #celebrityinterview
Сепак, ниту Викторија немаше убави зборови за манекенката, а сега на социјалните мрежи се прошири видео од 90-тите кога пејачката беше на врвот на славата со групата „Спајс грлс“. Во видеото Викторија вели дека Наоми е „тотална ку*ка“ и изјавила: „Јас сум единствената што го признава тоа, таа е безобразна крава“.
Инаку, се зборува дека не можат да се поднесат поради инцидент кој се случил по модна ревија во Милано, кога се запознале. Наводно Наоми ја прашала Викторија: „За што навистина те нарекуваат Пош?“, мислејќи на нејзиниот прекар во групата, што значи „отмена“. Викторија наводно ѝ одговорила: „А зошто велат дека си убава?“ и така започнала меѓусебната омраза.