Никол Кидман беше главната ѕвезда на премиерата на втората сезона на шпионската серија „Лавица“, во која главните ликови се тајни агенти на ЦИА кои се вметнати меѓу арапските терористи и имаат тим од специјални сили кои ги тренираат и извлекуваат. На премиерата присуствуваа и Зои Салдана, Џенезис Родригез и Морган Фримен.
Никол Кидман, која ја толкува улогата на Кејтлин Мид, висок надзорник на ЦИА во познатата серија „Лавица“, избра тоалет што на многу смел начин и го открива грбот за премиерата на втората сезона одржана во Лос Анџелес.
Креацијата од колекцијата пролет/лето 2025 на модната куќа Bottega Veneta го покрива само предниот дел на торзото во бела плисирана ткаенина во стилот на голема марама во горниот дел, која е врзана околу вратот. Долниот дел од малку откачениот аутфит е здолниште во комбинација од бели, жолти и светло сиви бои исечени во стил на ленти со волуменозно дополнување на колковите и бутовите, што создава впечаток на поголеми облини.
Никол Кидман го комплетираше својот стајлинг за премиерата со бели потпетици од модната куќа Christian Louboutin. Никол го носи моделот Condor 85 pointe со отворена потпетица, ремен до глуждот и тенка конусна потпетица од 8,5 cm, а тука е и препознатливиот црвен ѓон, заштитен знак на чевлите Louboutin.
Познатата актерка комбинацијата ја надгради со дијамантски накит Roberto Coin, обетки и прстени од бело злато и дијаманти.