Ако сакате да подготвите нешто брзо, а неодоливо за денешниот ручек, проверете го овој рецепт

popara25 октомври, 20241min00
62912401-arancini

Ако ви останало малку ориз или рижото, не го фрлајте, туку за само неколку минути направете традиционални топчиња кои ќе ги воодушеват вашето семејство и пријателите.

Крцкави однадвор и толку меки и исполнети со сирење одвнатре, аранчините се вистински деликатес, особено ако се послужат со сос од домати. Рецептот можете да го најдете подолу.

Состојки:

250 гр ориз со тркалезно зрно
30 гр путер
50 гр пармезан сирење
1 јајце
200 гр гауда
сол, бибер, магдонос

За панирање:

трошки од леб
брашно
јајца
масло за пржење

Подготовка:

Сварете го оризот во посолена вода и оставете го да се излади до температура каде што можете да направите топчиња со рацете.
Во оризот додадете го изматеното јајце, пармезанот и зачините.
Обликувајте топчиња. Можете да користите лажица за супа или топка за сладолед за да ја направите секоја топка со иста големина.
Распоредете го оризовото колаче во рака, додајте коцка гауда и обликувајте топка.
Повторете додека не се потроши целата смеса.
Топката се става во брашно, јајца, па во презла и се пржи на загреано масло многу кратко, додека не добијат златна боја.
Послужете со сос од домати или печурки.

Совет: Ако ви преостанало рижото од сварен ориз или пилешко, рижото од зеленчук или морска храна, можете да додадете и јајце кое ќе спречи да се распаднат топчињата и продолжете со постапката според рецептот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma