Ова се знаци дека сте лоши во кревет! Дали се препознавате себеси?

popara26 октомври, 20241min00
Screenshot_8

Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате секс, се срамите да кажете што ви се допаѓа, а што не, или имате односи според точно договорен распоред?

 

 

 

Сексуалниот живот е составен дел од секоја врска, но не треба да биде само обична активност од навика.

 

Доколку не сте сигурни дали сте добар љубовник, можеби е време да проверите дали треба нешто да промените или сте на добар пат.

 

Постојат неколку сигурни знаци кои укажуваат на тоа дека сексот не е тоа што треба да биде.

 

Погледнете кои се тие:

Лесно губите внимание

Добриот секс значи да се сконцентрирате на вашите чувства и да се препуштите на моментот со партнерот.

 

Но, ако паметот ви е на друго место и секое мало крцкање ви го одвлекува вниманието или размислувате што ќе биде следниот чекор или ви текнува на некои обврски за денот, исходот нема да биде задоволителен.

 

Обидете се да ги оставите сите други работи настрана и да се фокусирате само на страста помеѓу вас и партнерот.

 

Срамежливи сте

Не е важна само праксата, вештините и искуството за добар секс, туку и разговорот.

 

Ако сте срамежливи и никогаш не кажувате што ви се допаѓа или не ви се допаѓа, никогаш нема да го добиете максимумот од сексот.

 

Зборувајте отворено со партнерот, пофалете го ако направи нешто што ви се допаѓа или искрено признајте дека нешто не ви годи. Прашајте и вие што му се допаѓа кај вас.

 

Имате секс на договорено

Точен распоред и секс по договор е во ред во некои екстремни случаи, но не и ако забележите дека тоа редовно се случува.

 

Интимноста не треба да ви биде рутина, туку треба да дозволите страстите да ве поведат во најнеобични периоди од денот, но и места.

 

Не дозволувајте сексот да се претвори во здодевна активност според однапред испланиран распоред.

 

Вашиот партнер е несреќен

Ако забележувате дека вашиот партнер е незадоволен од сексуалниот живот, постојано директно или индиректно се жали од некои сегменти на ова поле, тогаш време е за промена.

 

Сексот не е задоволство доколку двајцата не уживате во чинот.

 

Во ред е да имате работи кои ги преферирате, но не заборавајте дека и партнерот има. Направете компромис или најдете трета опција за нешто што ќе ви годи на двајцата.

 

Немате емоции на лицето за време на сексот

Се надеваме дека немате партнер кој има погрешни очекувања од сексот и не може да направи разлика помеѓу порно филм и реалност.

 

Но, сепак, не би било пријатно доколку немате буквално никаков жар ниту емоција на лицето со која ќе му укажете дали прави нешто што ви се допаѓа.

 

Следниот пат, наместо да имате ладнокрвна гримаса, обидете се да се внесете во чинот и да дозволите емоциите да ве совладаат до толку што нема да можете да ги скриете.

 

Во спротивно, доколку навистина сте индиферентни, размислете зошто е тоа така и каде лежи проблемот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag