Најзгодната жена на светот повторно сингл? Софија Вергара со една реченица ги фрли сите во заблуда

popara26 октомври, 20241min00
Screenshot_13

Актерката Софија Вергара (52) изјави дека може да се смета за сингл и покрај шпекулациите за нејзината романтична врска со др. Џастин Салиман.

 

 

 

 

Во октомври минатата година, три месеци по разводот со поранешниот сопруг Џо Манганиело, со кого беше во брак седум години, Вергара наводно ја потврдила врската со Салиман.

 

Иако во изминатите месеци беа видени заедно, се чини дека се уште немаат дефинирано заедничка иднина. „Всушност, вчера зборував за тоа бидејќи сега сум слободна“, изјави таа за Us Weekly.

 

По разводот со Манганиело, Вергара, приватниот живот го држеше подалеку од јавноста, но сепак сподели некои детали за врската со Салиман. Таа во август изјави дека ужива во животот со него и дека е исклучително благодарна на луѓето околу неа. Во април таа повторно се огласи по операцијата на коленото. „Ако некогаш ви треба голема операција на коленото, погрижете се да имате згоден лекар кој ќе остане со вас таа вечер“, напишала таа покрај фотографијата од насмеаниот партнер кој стои покрај нејзиниот кревет во сина униформа. „Те сакам д-р Салиман“, додаде таа со емотикон од срце.

 

Салиман претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, со која има две деца, а нивниот брак заврши со развод во 2018 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag