Сцената во која Арнолд Шварценегер сериозно се повредил – за малку ќе го загубел прстот

popara26 октомври, 20241min00
1729852636-000_Was841045-750x502

Несреќи на работа им се случуваат на многу луѓе, вклучително и актери на сетови на ТВ емисии и филмови.

Една таква ситуација му се случила на Арнолд Шварценегер за време на снимањето на филмот Терминатор 3: Подемот на машините од 2003 година.

Како што пренесува „Far Out Magazine“, познатиот актер за малку ќе изгубел прст за време на снимањето на сцена во филмот. Станува збор за сцената во која Терминаторот насилно го влече ковчегот на Сара Конор надвор од гробиштата, а потоа влегува во пресметка со полицијата.

Голем дел од оваа сцена била снимена со Шварценегер како всушност го носи експлозивот, што не била најмудрата одлука бидејќи на актерот му била потребна медицинска помош откако неуспешна детонација за малку ќе му ја уништела раката.

„Целиот ковчег беше исполнет со мали експлозиви кои ќе експлодираа, а идејата беше еден да го ставам во раката“, објасни тогаш актерот за „Black Film“.

Актерот среде снимањето почувствувал неверојатна болка и експлозија под прстот и бил апсолутно убеден дека прстот ќе му паднел доколку немал дебели кожени ракавици.

За среќа, актерот не го загуби прстот по инцидентот, но морал да се опоравува неколку месеци. Тој објасни дека неговата рака „неверојатно долго време била сина“ и дека морал да побара лекарска помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag