На помладите, неискусни девојки кои бараат сопствен стил, модните грешки секогаш се простуваат. Сепак, се чини дека постарите жени, особено оние над 50 години, негодуваат на секоја ситница.
Многу модни експерти советуваат дека жените по 50-тата година треба да избегнуваат одредени видови облека за да не дојдат во ситуација да изгледаат непривлечно. Речиси сите модни критичари се согласија на 3 исти модни правила, и тоа:
1. Облека со погрешна големина
Хармонијата и рамнотежата се најважните правила. Вреќестите модели нема да ви помогнат да ги сокриете своите маани, напротив ќе ги истакнат. За вас најважно е да не следите трендови, туку да го носите она што добро ви стои, а такви парчиња секако има многу.
2. Мини здолништа и премногу длабоко деколте
Возраста најпрво се појавува на рацете, колената и вратот. Тоа не значи дека треба да бидете покриени од глава до пети, но дефинитивно е време да заборавите на мини здолништата и безобразно длабоките деколтеа. Што се однесува до должината на здолништето или фустанот, најдобар избор се миди моделите или оние малку над коленото, како и 3/4 ракави.
3. Нов начин на комбинирање
Ако имате над 45 години, тоа не значи дека треба да ја фрлите целата своја гардероба. Само треба да ја комбинирате поинаку. На пример, отсега носите фармерки со лелеава кошула, наместо атлетска маица напикана во панталоните…