Ви треба:
400 гр пилешко
2 лажици гриз
зеленчук за супа
1 јајце
1 кромид
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Ставете го месото во тенџере и прелијте со вода. Додадете сол, бибер и зачини, па варете додека месото не омекне, отстранете ја пената кога ќе се појави. Кромидот се сече на половина и се пече на шпорет. Во тенџерето со месото додадете ги исечканиот кромид, морковот, целерот и пашканатот, па варете додека не омекне. Процедете ја супата и вратете ги сечканото месо и морковот. Во сад изматете ги јајцето, солта и водата, па измешајте ги со гризот. Сè добро измешајте, па прелијте со маслиново масло. Изматете го јајцето, додадете малку сол и вода. Додадете го гризот, но постепено и соединете, па прелијте со маслиновото масло. Додавајте ја смесата во супата со лажица, па варете уште 10 минути. Пријатно!