Лејди Гага го објави новиот сингл „Disease“ кој за само еден ден собра над 1 милион и 710 илјади прегледи на YouTube. Тоа е првата песна од претстојниот албум, кој треба да излезе на почетокот на 2025 година, а воедно го означува и нејзиното, според многумина, долгоочекуваното враќање на поп-сцената. Синглот е достапен на сите музички платформи, а доаѓа веднаш по „Harlequin“, концептниот албум што го следи дејството на филмот „Joker: Folie à Deux“.
Судејќи по коментарите, новиот сингл ги воодушеви фановите на Гага кои најмногу имаа само позитивни реакции на новиот звук. „Ова е новата ера на Лејди Гага, предобра“, „Одлично, едвај чекам да го слушнам целиот албум“, се само дел од коментарите.
Инаку, Лејди Гага моментално сè уште доминира на популарната листа на Billboard Global 200, благодарение на песната „Die With a Smile“ во дует со Бруно Марс, која е на првото место осум последователни недели.