Потребно е:
280 гр брашно
1 мала лажичка прашок за пециво
1 мала лажица сол
50 гр јогурт
170 мл млака вода
масло за обложување
Подготовка:
Се замесува тесто од сите состојки и се остава покриено еден час на собна температура да одмори. Расукајте го тестото на малку брашно и поделете го на шест еднакви делови. Потоа расукајте ги топчињата до големина на помала чинија, премачкајте ги со масло од двете страни и пржете во тавче. Не истурајте масло во тавата. Гответе 1-2 минути на средна топлина од двете страни. Завиткајте го врелиот леб во крпа. Пријатно!