На премиерата на Maria што се одржа на филмскиот фестивал АФИ 2024 година во Лос Анџелес, актерката Анџелина Џоли се претстави во издание кое ја одушеви јавноста.
Со сосема нов стил, Џоли покажа дека може да се трансформира и да внесе свежина во нејзиниот препознатлив имиџ.
Нејзиното појавување на црвениот тепих беше далеку од она на што сме навикнати, особено на промоциите за филмот за оперската пејачка Марија Калас.
Анџелина беше речиси непрепознатлива со кадрава коса, која додаде нота на софистициран гламур. Нејзиниот аутфит кој беше многу елегантен се состоеше од свилен фустан во боја на шампањ со висок околувратник, а дополнително го комплетираше со црн кардиган.
https://x.com/extratv/status/1850366423735922930?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850366423735922930%7Ctwgr%5Ef93589eef85fb741561508e809d45eeee26b13e1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fandelina-doli-iznenadi-so-noviot-stajling
Обетки со бисерни детали и соодветна белегзија одлично се совпаѓаа со целиот изглед.
Најзабележителна промена беше црвениот кармин, кој одлично се вклопи со маникирот.
https://x.com/FilmUpdates/status/1850362016978145588?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1850362016978145588%7Ctwgr%5Ef93589eef85fb741561508e809d45eeee26b13e1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fandelina-doli-iznenadi-so-noviot-stajling